Муниаин ја елиминираше Барселона од Купот на кралот

Атлетик Билбао на крилјата на Икер Мунаин и неговите два гола ја елиминираа Барселона во осминафиналето од Купот на кралот откако по продолженија славеа со 3-2.

Домаќините први стигнаа до предност во 2. минута преку Муниаин, но водството на Атлетик Билбао траеше само 18. минути бидејќи резултатот го изедначи Феран Торес. Тимот од Билбао повторно поведе во 86. минута при што беше блиску до место во четвртфиналето уште во регуларниот дел од мечот, но херојот на каталонците беше младиот Педри кој со гол во 93. минута изедначи на 2-2.

Во првата минута од првото „полувреме“ на судијското продолжение Муниаин повторно ја затресе мрежата, овој пат од белата точка за големо славје на домаќините.

Се вчитува...