Муние: Не знам како ќе го сопрам Нејмар

Белгија со голем пресврт против Јапонија обезбеди четвртфинале на Мундијалот, а во него ќе ги одмери силите со селекцијата на Бразил. За десниот бек Томас Муние тоа значи и дека ќе има директен дуел со својот соиграч од ПСЖ, Бразилецот Нејмар.

„Ни доаѓаат Бразил и Нејмар. Навистина е тоа голем предизвик за нас. Како ќе го сопрам Нејмар? Не знам. Не сакам ниту да размислувам за тоа пред мечот. Кога ќе почне дуелот, ќе дадам се од себе за Нејмар да не биде кобен за нашата селекција. Инаку, тој е фантастичен играч, и Бразил е фантастичен тим“, изјави Томас Муние.

Се вчитува...