Мурињо: Ако дојде со првиот тим, Фулам треба да се извини!

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е убеден дека Фулам ќе го одигра натпреварот со најсилниот тим во среда. Според првичниот план, Тотенхем требаше да игра против Астон Вила во среда, но тој натпревар беше одложен бидејќи голем број играчи од клубот од Бирмингем беа заразени со коронавирусот.

Во понеделникот, Премиер лигата одлучи да го одигра претходно одложениот натпревар помеѓу Спарс и Фулам. Менаџерот на тимот од „Крејвен Котиџ“, Скот Паркер оцени дека ваквиот развој на настаните е скандалозен, бидејќи неговиот тим дознал само два дена порано дека ќе играат оваа седмица.

„Тие играа во саботата, што значи дека ги имаа недела, понеделник и вторник, доволно време да се подготват. Ако дојдат со половина тим, јас ќе бидам првиот што ќе се извинам. Ќе кажам дека во тој случај имавме голема предност. Но, ако дојдат во најсилната постава, тогаш треба да понудат извинување до сите нас. Ајде да играме фудбал, да се однесуваме најдобро што можеме, да ја заштитиме оваа индустрија, нашиот имиџ. Мислам дека Фулам ќе дојде со сите играчи“, изјави Мурињо.

Тотенхем е петти на табелата со 29 бода, Фулам е на 18-та позиција со 11. Овој натпревар кој ќе биде одигран во Лондон е закажан за среда со почеток од 21.15 часот.

Се вчитува...