Мурињо будно ја следи ситуацијата во Тотенхем

Жозе Мурињо би можел да биде новиот менаџер на Тотенхем, пренесуваат британските медиуми.

Португалскиот тренер во декември минатата година ја напушти клупата на Манчестер Јунајтед по серијата лоши резултати на тимот. Но сега, како што самиот изјави, планира брзо враќање на тренерската работа и веќе ја следи ситуацијата во Тотенхем.

Тотенхем лошо ја почна сезоната. Според најавите, Маурицио Покетино има само два натпревари пред себе да ја промени ситуацијата. Доколку не успее во тоа се очекува да добие отказ а него да го наследи Мурињо, кој исто така се поврзува и со враќање во Реал Мадрид додека траат притисоците кон Зинедин Зидан.

Се вчитува...