Мурињо го нуди Марсијал како мамка за Пулишиќ

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед е подготвен да го испрати Антони Марсијал во редовите на Борусија Дортмунд и да доплати, а на „Олд трафорд“ да се пресели американскиот интернационалец Кристијан Пулишиќ. Тој е голема желба на менаџерот Жозе Мурињо, кој инсистира овој млад играч да пристигне на Островот.

Марсијал не доби голема шанса оваа сезона, откако Мурињо процени дека сепак не е меѓу првите напаѓачки варијанти во неговиот систем. За Пулишиќ, кој немаше идеална сезона во Борусија Дортмунд, интерес појавуваат Јувентус, Ливерпул, Челси и Арсенал.

Се вчитува...