Мурињо: Јунајтед не може против Барса со таква очајна одбрана

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо ја критикуваше играта на “црвените ѓаволи” на гостувањето против Барселона во Лигата на шампионите.

Јунајтед доживеа елиминација, а Мурињо вели дека со таква одбрана тешко може да се издржи пред каталонската машинерија.

“Не знам што размислувале во Јунајтед, но со така очајна одбрана тешко може да се парира на Барселона. Целиот проблем беше тука. Ми се чини дека во тимот не се обрнува многу на дефанзивата, но ЛШ не е Премиерлига, а Барселона е тим кој лесно казнува” – вели Мурињо.

Се вчитува...