Напаѓачот на Баерн Минхен и на англиската репрезентација, Хари Кејн, не штеди пофални зборови за својот поранешен тренер во времето кога го носеше дресот на Тотенхем, Жозе Мурињо.
Мурињо на клупата на Тотенхем седеше во периодот од 2019 до 2021 година. Португалецот од Тотенхем си замина во април 2021 година, една недела пред финалниот дуел во Лига купот против Манчестер сити кој „граѓаните“ го добија со минимални 1:0.
„Токму под палката на Мурињо ги одиграв некои од најдобрите натпревари во Тотенхем. Ја освоив „Златната топка“ и наградата за најдобар асистент во иста година. Ми даде многу слобода во играта, му дозволи да бидам свој, да играм и да се спуштам пониско на теренот. Мурињо го перфектно го разбира секој детаљ од играта дали со топка или без неа, тактиката. Имам голем респект за него“, вели Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
