Мурињо не го сака Гризман во Манчестер јунајтед

Изминативе денови безмалку сите европски медиуми пренесоа дека трансферот на Антоан Гризман во Манчестер јунајтед од јуни оваа година е веќе завршена работа.

Сето тоа навивачите од „Олд Трафорд“ го дочекаа со огромно воодушевување, но очигледно не се согласуваат сите со доаѓањето на францускиот фудбалер во Манчестер.

Наводно, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо не е за негово доаѓање во клубот, иако раководството цврсто опстојува на одлуката за негов ангажман. На прашањето околу доаѓањето на Гризман, Мурињо кратко одговара:

„Нема смисла да се зборува за летен преоден рок на почеток од февруари“.

Но, англиските медиуми пренесуваат дека и Мурињо, колку и да се противел, ќе попушти пред желбите на челниците на Јунајтед да го видат Французинот во своите редови. За трансферот на Гризман, Атлетико Мадрид треба да инкасира 100 милиони евра.

Се вчитува...