Се чини дека заврши една голема ера на португалскиот фудбал. Кристијано Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата по несогласувањата со новиот селектор Жорже Жесус, а португалските медиуми неговото заминување го протолкуваа како можен крај на неговата репрезентативна кариера по 23 години.
Проблемите меѓу Роналдо и репрезентацијата не настанаа преку ноќ. Тензиите се таложеа со месеци, а дополнително се засилија по одлуката тој да го започне натпреварот против Норвешка од клупата за резерви. Португалската фудбалска федерација подолго време очекуваше дека Роналдо сам ќе се повлече по Светското првенство, со што би се избегнал ваков исход.
При заминувањето од кампот во Копенхаген, Роналдо им посака среќа на соиграчите, што дополнително го засили впечатокот дека станува збор за збогување. Според весникот „АС“, одредени кандидати за наследник на Роберто Мартинез наводно дури и го условувале преземањето на репрезентацијата со отсуството на Роналдо. Меѓу нив бил и Жозе Мурињо.
Сепак, новиот селектор Жорже Жесус повторно го повика бидејќи Роналдо јавно не го објави своето повлекување. По разочарувачкиот пораз од Шпанија на Светското првенство, тој одлучи да продолжи да игра за Португалија, а моментално има 234 настапи и 146 постигнати голови за националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
