Мурињо: Ова е победа на Клоп!

Една победа за паметење промени многу работи, па меѓу другото и мислењето на Жозе Мурињо за Јирген Клоп. „Специјалниот“ по првиот меч на „Камп ноу“ го „пецкаше“ Клоп изјавувајќи дека многу би сакал да биде како него, три години да води клуб без да освои трофеј, но целосно го смени ставот по вечерашниот реванш.

„Ова е победа на Клоп. Се што се случи вечерва, тоа е негова заслуга, бидејќи е рефлексија на неговиот менталитет – бори се, не се предавај до самиот крај. Играчите го следеа она што им го кажуваше и се случи она што сите го видовме вечерва“ – прокоментира Мурињо.

Само за потсетување, Португалецот последниот меч на клупата на Манчестер Јунајтед го водеше токму на „Енфилд“ против Клоп, каде поразот од 3-1 од Ливерпул му пресуди да добие отказ од кормилото на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...