Мурињо се откажа од ангажманот на Перишиќ

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурењо, имаше огромна желба во овој летен преоден рок на „Олд трафорд“ да го доведе хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ. Ги следеше изминатата сезона неговите игри и во Интер и во хрватската фудбалска репрезентација и понуди 50 милиони евра за да го купи од „Џузепе Меаца“. Сепак, не успеа во тоа и се чини дека мораше да се откаже од својата намера.

„Интер е моќен финансиски и стори се за да го задржи фудбалерот кој многу значи за нивниот тим. Тоа е фудбалот, одиме понатаму“, изјави Мурињо.

Се вчитува...