Мурињо: Вини не е светец, но тоа што му го прават…

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, застана во одбрана на Винисиус по натпреварот против Еспањол. „Кралскиот“ клуб дојде до тешка победа дури во судиското надополнување со голот на Карлос Еспи (2-1), додека Винисиус беше во центарот на конфликтите со противниците и навивачите.

„Вини не е светец, но она што му го прават е премногу. Се почна уште во првата минута. Тоа е нешто што се одвива според одредена шема. Еден противник, па друг. ’Јас ќе направам прекршок врз него, па ти, ако јас добијам жолт картон, тогаш ти преземи го редот‘“, вели Мурињо.

Винисиус имаше проблеми со противникот уште од самиот почеток на натпреварот.

„Тоа е фрустрирачки за него. Мора да ја задржи емоционалната контрола. Му реков на Вини дека, ако постигне гол, мора да внимава како слави и да остане на теренот. Тешко е. Живееме во ера на борба против малтретирањето, но кога станува збор за Вини, ситуацијата е непроменета без разлика дали доаѓа од противниците или од навивачите“, вели Португалецот.

Ова беше првиот натпревар на Мурињо на клупата на Реал по 13 години. Во својот претходен мандат, тој ги освои титулата во Ла Лига и Купот на кралот.

Се вчитува...