Мурињо: Вистина е дека јас требаше да го заменам Алекс Фергусон

Конечно, разрешена е една голема мистерија во светот на фудбалот. По многу години, Жозе Мурињо конечно потврди дека требало да биде наследник на Сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед.

Најголемиот тренер во историјата на Манчестер јунајтед своевремено откри дека веќе постоел договор според кој, по неговото пензионирање во 2013 година, на тренерската позиција требало да го наследи Жозе Мурињо. Португалецот тогаш го заврши својот ангажман во Реал Мадрид, но на крајот одлучи да се врати во Челси.

„Кога си заминав од Реал Мадрид, се договорив да одам во Манчестер јунајтед и да го заменам Сер Алекс“, изјави Мурињо.

Тоа го потврди и самиот Сер Алекс Фергусон.

„Да, му беше понудена работа. Седнав со него и му ја објаснив ситуацијата. Тој тогаш прифати. Но, по само неколку часа, ја промени одлуката. Една вечер ми се јави и плачеше. Рече: „Алекс, не можам. Му дадов збор на Челси и не можам да го погазим“. Можам да ја разберам причината што ја наведе, но ме разочара“, изјави Фергусон. 

И самиот Мурињо призна дека тешко го поднел тоа.

„За мене, губењето на шансата да го наследам Сер Алекс Фергусон беше драматично. Но, не жалам, бидејќи одлуката ја донесов со срцето“, заврши Мурињо. 

Се вчитува...