Мурињо: За Милан ќе го активирам Тоти или јас ќе се соблечам

Рома го забележа деветтиот пораз во италијанското првенство откако во 31. коло загуби на гостувањето во Бергамо против Аталанта со 3-1 со што ја закомпликува ситуацијата на табелата и учеството во европските натпреварувања во сезоната која следи.

Но, поразот овој пат не беше прв на умот на Жозе Мурињо. Португалскиот стратег се соочува со проблеми со повредени играчи па на пресконференцијата по натпреварот имаше интересна изјава.

„Го завршивме натпреварoт со девет играчи. Ова е многу тешка ситуација за мене и за тимот. Играме на граница, но ова е соединет тим, во тешките моменти стоиме заедно и навивачите се горди на тоа. Како стојат работите сега против Милан ќе морам да го активирам Тоти или јас ќе се соблечам“, изјави Мурињо.

Се вчитува...