Мурињо: Заслужив отказ, но сега Манчестер Јунајтед е уште полош

Манчестер Јунајтед загуби од Вест хем со 2-0 и веќе доцни десет бода зад лидерот Ливерпул позициониран на осмата позиција на табелата во Премиер – лигата, а поругалскиот стратег Жозе Мурињо кој сега работи како аналитичар на натпреварите од англискиот шампионат не пропушти можност да го искритикува поранешниот тим.

„Јас заслужив отказ во Манчестер Јунајтед, затоа што менаџерот секогаш е најодговорен за слабите резултати на тимот. Но, тажната реалност е дека сега Манчестер Јунајтед изгледа уште полошо и е апсолутно неконкурентен“, изјави Жозе Мурињо.

„Црвените ѓаволи“ посебно лошо ги играат натпреварите надвор од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...