Муслера опериран, ќе паузира осум месеци по двојната скршеница на ногата

Уругвајскиот голман Фернандо Муслера успешно е опериран по тешката повреда која ја заработи на вчерашниот меч против Ризеспор во турското првенство. Капитенот на Галатасарај се здоби со двојна скршеница на десната нога и по хируршкиот зафат го очекува долг рехабилитациски процес од околу осум месеци.

Муслера се повреди по жесток дуел со Милан Шкода, фудбалерот на Ризеспор, во шеснаесетникот. Веднаш му беше укажана прва медицинска помош по што беше префрлен во најблиската клиника. Во текот на денешниот ден му е извршена и операцијата за санирање на тешката повреда.

Се вчитува...