Муслиу: Не знаеме многу за Гибралтар, но секако мора да го победиме

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Централниот дефанзивец на Шкендија, Висар Муслиу ќе биде еден столбовите на македонската одбрана на првиот натпревар од Лигата на нациите против Гибралтар кој го играме на 6. септември од 20:45 часот на „Викторија стадионот“ во Гибралтар.

Муслиу верува дека Македонија може да својата прва победа во ова натпреварување кое за првпат се организира под капата на УЕФА како начин за пласман на ЕП 2020.

„Нема што да калкулираме. Фаворити сме и мора да го оправдаме тоа. Мора да дојдеме до првата победа во Лигата на нациите иако не знаеме многу за Гибралтар. Сепак тоа не значи дека треба да се потцени противникот. Напротив, ние треба да се концентрираме единствено на нашата игра и да дојдеме до првите три бода во групата, па потоа да се концентрираме на следниот меч против Ерменија во Скопје“ – истакна Муслиу по денешниот прв тренинг на репрезентацијата по пристигнувањето во Гибралтар.

Се вчитува...