Македонскиот стопер Висар Муслиу не го криеше задоволството по одличниот натпревар на Македонија против Белгија во кој бевме и подобар противник, но на крајот мораше да се задоволиме со бод.
Муслиу вели дека одбраната била на врвот на својата задача, покажавме квалитет, а заслуживме и повеќе од само еден постигнат гол.
„Ние знаевме со каков квалитет ќе се соочиме и со каков ривал играме, знаеме колку ѕвезди има Белгија и каде и играаат играчите. Но, ние мислам дека добро го изработивме дефанзивниот дел и тоа целиот тим. Одлични бевме сите, исто и голманот Димитриевски изреагира неколку пати. Резултатот е реален, а од она кое го покажавме во вториот дел можеби заслуживме и повеќе. За судиите не можам да коментирам, не сум ги видел ситуациите, но се работи за судии кои судат во Премиерлигата. Дури и да се погреши, се случува, но ние одиме понатаму и мислите ни се кон Казахстан“, изјави Муслиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА