Муслиу: Убаво е кога се победува

Македонската фудбалска репрезентација со две победи го заокружи првиот сегмент од Лигата на нации. Добиени се Гибралтар и Ерменија, а нашиот национален тим со шест бода се наоѓа на првото место во групата. Тоа секако носи задоволство кај сите, а го потенцира дефанзивецот Висар Муслиу.

„Одигравме два квалитетни натпревари и остваривме две победи. Не примивме ниту еден гол и тоа може да не радува. Ќе продолжиме со исто темпо и на следните мечеви од Лигата на нации“, порачува репрезентативниот дефанзивец.

Се вчитува...