Мустафи го напушта Арсенал, следна дестинација е Интер

Арсенал се согласи да го пушти Шкодран Мустафи на едногодишна позајмица во Интер, со обврска „нероаѕурите“ да го откупат по крајот на сезоната. Германскиот репрезентативец ги напушта редовите на клубот од Лондон по само една сезона, откако минатото лето пристигна за 35 милиони фунти од Валенсија.

Ова е знак дека нема место за Мустафи во новата формација на Венгер, францускиот стратег преферира да ги користи Кошчелни, Колашинац и Монреал во задната линија. „Топчиите“ веќе се ослободија од еден централен дефанзивец, откако Габриел Паулиста потпиша за Валенсија.

Мустафи прави кам-бек во Серија А, претходно ги бранеше боите на Сампдорија од 2011 до 2014 година.

Се вчитува...