МЗТ без Андреј Маслинко отпатува на гостувaњето кај Хелиос

Младиот Aндреј Маслинко кој сезонава има сериозна минyтажа кај МЗТ Скопје Аеродром е последниот на списокот повредени кај нашиот претставник во АБА 2 лигата. Маслинко не отпатува со екипата на гостувањето кај Хелиос.

МЗТ утре го игра дуелот од 12. коло во регионалното натпреварување. Повредата на Маслинко е од саботната пресметка со Пелистер во домашното кошаркарско првенство.

На средбата ќе отсуствуваат и репрезентативците Дарко Соколов и Марко Симоновски кои една седмица се надвор од тимот. Во екипата се враќа Љубомир Младеновски кој исто така отсуствуваше поради повреда.

Се вчитува...