МЗТ десет минути се загреваше, па ги растури Словенците (фотогалерија)

МЗТ Скопје славеше лесно и убедливо над Рогашка во првиот натпревар по паузата за одложениот куп-турнир и за репрезентативните настапи. Паузата не остави трага, па „сино-белите“ продолжија во стил по кој се препознатливи на домашен терен, со полетна игра декласирајќи ги противниците кои не издржуваа долго во „СЦ Јане Сандански“.

Рогашка вечерва парираше десетина минути, за потоа избраниците на тренерот Кочов да почнат да доминираат во нападот, полнејќи го противничкиот кош со вкупно 54 поени во втората и во третата четвртина.

Победата е очекувана, а во таборот на „сино-бeлите“ се свесни дека тоа е само најава за двете последни средби од АБА2, против Сутјеска на гостински терен и пред своите гледачи против Спарс, на кои се неопходни две победи за да се стигне до второто место на табелата.

 

Се вчитува...