МЗТ е ептен силен за АБА2 (фотогалерија)

Две средби, две победи, и тоа убедливи. Се уште е прерана фаза од сезоната, но јасно е дека „металците“ во текот на летово создадоа компактен тим во кој има многу играчи што можат да повлечат во нападот, но и што може да одигра беспрекорна колективна одбрана.

Го почувствува тоа и поранешниот македонски селектор Јовица Арсиќ, кој со Борач Чачак замрзна на „минус 25“ (82-57). Првиот впечаток е дека МЗТ е ептен силен за АБА2, но јасно е дека клучни во битката за врвот ќе бидат битките на гостински теерен, па затоа вистинскиот тест ќе го видиме наредното коло, на мечот во Словенија против Приморска.

Овој состав на МЗТ има квалитет, сега ќе треба да покаже и карактер за да се реализира желбата – експресно враќање во елитата на АБА-лигата.

 

Се вчитува...