МЗТ ги повикува своите навивачи да го окупираат „Јане Сандански“ – Влезот е бесплатен

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје во сабота ќе ја пречека Спартак Суботица во првиот полуфинален дуел од  АБА 2 лигата.

Од таборот на македонскиот шампион објавија дека влезот ќе биде слободен, па ги повикуваат сите вљубеници на кошарката да дојдат и да им дадат голема поддршка.

„Ова дефинитивно е една од најважните пресметки во досегашниот дел од сезоната. Тоа го знаат и избраниците на тренерот Васко Атанасов, кои изминатиов период напорно работеа на дополнително усовршување на сѐ што досега имаа работено. Предизвикот е голем, противникот е фаворизиран, но KK MZT Skopje Aerodrom секогаш бил најдобар и најборбен кога било напотребно.
Веруваме дека така се чувствуваат и сите наши навивачи и симпатизери, за кои сме сигурни дека ќе дојдат во голем број на задутрешната пресметка, со цел да им дадат поддршка на своите миленици. Само со заеднички сили би можеле да дојдеме до посакуваното финале, а за што ни треба уште една во низа МВП партија на нашиот „шести играч“, за која не се сомневаме дека ќе се случи. В сабота сите патишта нека водат во „Јане Сандански“, а трибините нека бидат претесни да ги примат сите што сакаат да ни помогнат. Ако се случи тоа, тогаш уверени сме дека на крајот сите заедно ќе се радуваме“, велат од МЗТ Скопје. 

Се вчитува...