МЗТ го брани Аеродром од Ловќен

МЗТ Скопје вечерва со почеток во 19 часот ќе го пречека Ловќен во рамките од четвртото коло од АБА2 лигата, во обид експресно да се врати на победнички патеки по поразот во минатата рунда во Словенија. „Металците“ во претходните две домашни средби лесно и убедливо славеа над Хелиос и над Борац Чачак, серија што ќе се обидат да ја продолжат и против црногорскиот претставник во ова регионално натпреварување.

Ова е натпревар на кој мораме да победиме. Несреќниот пораз од Приморска е веќе зад нас и сите сме насочени кон пресметката со Ловќен, која е идеална шанса да се вратиме на победничката патека. Ниту еден ривал во АБА2 не е наивен, сигурно нема да го потцениме гостинот од Црна Гора. Очекувам да одиграме како што знаеме, на нивото на претходните две домашни средби, што би требало да ни овозможи без проблем да ја оствариме посакуваната цел“ – изјави Андреј Маслинко.

„Металците“ по првите три кола имаат скор од две победи и едно реми, додека Ловќен во досегашниот дел од АБА2 оствари една победа и два порази.

Се вчитува...