МЗТ одигра шампионски во Куманово

МЗТ Скопје го остави зад себе разочарувачкиот пораз од Гостивар во минатото коло, па со беспрекорно издание вечерва славеше на дуелот во Куманово (60-73). „Металците“ ја научија лекцијата од дуелот со гостиварци, па во текот на 40-те минути не дојде до никакво опуштање, целосно го диктираа темпото на игра и резултатот, па победата беше апсолутно заслужена.

Горјан Марковски со три погодени тројки и вкупно 11 поени го одржуваше Куманово во игра во првата четвртина, што актуелниот првак ја доби со 21-23. Домаќините последен пат водеа на стартот на вториот период со 28-26, по што МЗТ направи серија од 13-1, целосно го сврте резултатот во своја полза и потоа умешно го контролираа резултатот. Куманово се приближи на 40-45 на почетокот од третата четвртина, но тоа беше се што избраниците на Петровиќ успеаја да сторат, бидејќи гостите од Скопје знаеја како да ја задржат предноста.

Центарот на шампионот, Бојан Крстевски, беше главен играч на натпреварот со 20 поени, по 13 за МЗт Скопј постигнаа Николов и Милошевиќ, а прв стрелец на кумановци при денешниот пораз беше Марковски со 15 поени.

Се вчитува...