МЗТ полуфиналето во АБА 2 лигата ќе го почне на 20 март

Полуфиналанта серија од плеј-офот во кошаркарската АБА 2 лига, македонскиот вицеправк МЗТ Скопје Аеродром ќе ја почне на 20. март. Лигата денеска ги објави термините во кои ќе бидат одиграни полуфиналните како и натпреварите од финалната серија.

Во полуфиналето победникот ќе биде одреден по најмногу три натпревари. Последниот дуел ако има потреба би бил на 28 март. Победниците ќе играат во финаланата серија, подобар од пет која ќе почне на 1. април, а ќе заврши најдоцна до 8. април за кога е предвидена петтата средба.

Победникот во финалето, односно најдобриот во АБА 2 лигата ќе обезбеди директно учество во АБА, додека поразениот во финалето ќе разигрува со претпоследниот тим од АБА во три натпревари за место во посилната конкуренција.

МЗТ Скопје Аеродром обезбеди место во разигувањето и ќе прави обид да стигне до враќање во АБА каде што се натпревруваше шест сезони.

 

 

Се вчитува...