МЗТ последен на турнирот во Турција: Пораз и од Цибона (98-89)

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром го освои последното четврто место на турнирот што се одржува во Бујукчекмече. Во мечот за третата позиција, „металците“ загубија од хрватскиот клуб Цибона со 98-89.

МЗТ Скопје имаше свои добри моменти на овој меч, но на крајот сепак доживеа пораз. Во финишот на третиот период противникот да се одлепи на плус 15 (60-75). Но, тоа не ги откажа „металците“, кои преку расположените Дамјан Стојановски и Бојан Трајковски вратија со серија 21-6 за израмнување (81-81) на нецели четири минути до крајот. Сепак, на крајот Цибона беше поснаодлива и успеа да слави.

Брет Бејли постигна 22 поени, Трајковски средбата ја заврши со 18 поени, додека Дамјан Стојановски застана на 17 поени. За победничкиот пехар во финалето на овој турнир ќе се борат домаќинот Бујукчекмече на нашиот Војдан Стојановски и вториот турски прволигаш, Истанбул ББ.

Истанбулската турнеја на МЗТ Скопје Аеродром завршува утре, кога ќе бидат одмерени силите со второлигашот Бакиркој баскет (13 часот). Потоа следува враќање кон Македонија и два слободни дена за кошаркарите да соберат сили пред завршниот дел од подготовките за новата сезона.

Се вчитува...