Со дуелот против Рогашка, макеоднскиот кошаркарски вицешампион, МЗТ Скопје Аеродром влегува во завршниот сегмент од лигашкиот дел во АБА 2 лигата. На преостанатите средби, МЗТ ќе се обиде го осигура местото меѓу учесниците во плејофот, но и да обезбеди што подобра позиција за разигрувањето.
Во редовите на МЗТ ќе биде и Лестер Медфорд, а едниствено ќе отсуствува Андреј Магедвски за кого клубот соопшти дека нема да биде во екипата до почетокот на април поради повредата на препоните.
„Секој следен натпревар во АБА2-лигата за нас е од исклучителна важност. Кошаркарите се свесни за тоа и знам дека не треба посебно да им потенцирам дека нѐ очекува завршниот дел за кој трениравме и се мачевме во текот на целата сезона. Рогашка е една од најдобрите шутерски екипи во лигата, но верувам дека со максимална индивидуална и тимска одговорност и агресивна одбрана ќе успееме да се реваншираме за поразот во првиот дел од шампионатот во Слатина“ – вели во пресрет на натпреварот, тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов.
МЗТ Скопје Аеродром во моментов е на третата позиција со скор 13-6, односно со една победа помалку во однос на директниот конкурент за посакуваната позиција на табелата, сараевски Спарс. На гостувањето во Слатина во есенскиот дел од сезоната, МЗТ беше поразен со 102-90.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА