Македонскиот кошаркарски вицепрвак МЗТ Скопје Аеродром оствари уште една победа во АБА 2, совладувајќи го последнопласираниот тим на табелата, Вршац, со 78-69. Избраниците на Ѓорѓи Кочов одиграа квалитетен меч, а предноста ја направија во вториот период, кој го добија со десет поени позитива (22-12).
На полувреме „металците“ имаа 12 кошеви предност, па иако во третата четвртина малку потфрлија, сепак, на крајот се радуваа на победата.
Предраг Самарџиски одигра на своето некогашно ниво, постигна 17 поени и имаше три скока, а Џејмс Вудард уфрли 13 поени. Кај гостите, Страхиња Јовановиќ беше стрелец на 15 поени.
По 18 кола, МЗТ Скопје Аеродром има ефект од 13 победи и пет порази и се наоѓа на второто место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА