МЗТ сака да ја продолжи победничката низа и против Вршац

Македонскиот вицепрвак МЗТ Скопје Аеродром вечерва игра против Вршац (19 часот) во АБА2-лигата. „Сино-белите“ се во серија од три победи, а дуелот со гостинот од Србија е идеална шанса за продолжување во ист ритам и потврда на значајниот „брејк“ минатата недела против Сплит. Вршац е последен на табелата со само една победа

„Без разлика што играме против последниот тим на табелата, во мечот ќе влеземе максимално ангажирано и фокусирано. Вршац е противник кој не смее да се потцени без разлика на резултатите, екипа која постигнува голем број поени што значи игра одличен напад. Моите кошаркари се свесни за значењето на секој нареден натпревар, поради што од нив очекува вистински пристап и голема борбеност. А, ако направат тоа тогаш ќе бидеме блиску до посакуваната цел“, изјави тренерот Ѓорѓи Кочов за официјалниот сајт на клубот.

„Металците“ ќе го немаат на располагање повредениот Лестер Медфорд. Средбата се игра во салата „Јане Сандански“, а влезот е слободен.

Се вчитува...