МЗТ Скопје брка победа за минимум бараж во АБА

МЗТ Скопје вечерва од 18 часот во Широки, против истоимениот домашен тим, во меч од 13. коло во АБА 2 лигата, ќе го одигра веројатно најважниот меч сезонава.

Имено со победа „металците“ ќе обезбедат бараж за пласман во елитната лига на АБА.

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение:

„Според информациите од последното Собрание на регионалното натпреварување, најдобрата несрпска екипа по регуларниот дел од сезоната во NLB ABA League 2 ќе добие шанса да игра против последниот на табелата во ова натпреварување за последното 16. место во проширената елитна лига, каде што веќе е примен тимот на Дубаи. Ова е варијанта во случај еден од тројцата српски претставници дојде до триумф во финалето од плејофот, по што ќе добие шанса да игра во АБА1 поради зголемениот национален максимум од пет на шест екипи и која секако нема да нѐ спречи да дадеме сѐ до себе ние да дојдеме до конечниот успех и директната промоција во повисок ранг.

KK MZT Skopje Aerodrom со победа во вечерашната пресметка во Широки Брег ќе дојде до четвртата позиција, веднаш зад Спартак Суботица, Војводина и Златибор и во четврт-финалето за противник ќе го има составот на KK PODGORICA. Евентуален и секако непосакуван пораз биде нѐ „спуштил“ на петтото место и за прв ривал во плејофот би го имале токму вечерашниот ривал HKK Široki. Доигрувањето во NLB ABA League 2 сезонава ќе се игра според системот „дома-гости“ и тоа на кош-разлика во два меча“, стои во соопштението на МЗТ. 

Се вчитува...