МЗТ Скопје доведе турски центар

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром се засили со младинскиот репрезентативец на Турција, Рагип Берке Атар. Се работи за 20 – годишен кошаркар, висок 210 сантиметри кој игра на центарската позиција. Тој потпиша договор до крајот на сезоната.

Станува збор за доскорешен кошаркар на турскиот тим Банвит, за кој настапуваше во изминативе неколку сезони, кој се очекува да им помогне на Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Марин Морнар и Бојан Радуловиќ во битките под кошевите.

Дебито на Атар во дресот на МЗТ Скопје Аеродром се очекува в четврток на домашен терен против словенечки Хелиос во АБА 2 лигата.

Се вчитува...