МЗТ Скопје го победи Борац за преземање на врвот во АБА 2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја запишаа и третата победа сезонава во АБА 2 лигата триумфирајќи во петтиот натпревар против Борац Бања Лука со 67-61.

Повеќе од заслужена победа на „металците“ кои имаа контрола на играта и резултатот во текот на целиот дуел. Откако ја добија првата четвртина со 19-8, македонските кошаркари им дозволија на противниците да се вратат во вториот период од играта намалувајќи на само три поени предност за МЗТ на полувремето (29-26).

Сепак, одлично одиграна трета четвртина за МЗТ Скопје која ја доби со 30-17 по што беше јасно дека ќе биде однесена победата. Кошаркарите на Борац Бања Лука успеаја да намалат во последната четвртина, но сепак не и за пресврт за конечна победа на МЗТ од 67-61.

Војдан Стојановски повторно беше најдобар кај МЗТ Скопје со 15 поени и пет асистенции. „Дабл-дабл“ ефект имаше Ворку од 10 поени и 10 скока а Танасковиќ заврши со 14 постигнати поени. Со 12 поени заврши Баковиќ а Дамјан Стојановски постигна 11 поени. Во екипата на Борац се издвоија Шешлија и Вест со по 15 постигнати поени.

По оваа победа МЗТ Скопје го презеде врвот во АБА 2 лигата, израмнувајќи се на водечката позиција со екипата на Подгорица со три победи и два порази. Иако, екипите на Златибор, Широки, Спартак и Војводина имаат и натпревар помалку а веќе се со три победи во лигата.

Се вчитува...