МЗТ Скопје го преслуша Левски во Софија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до втората по ред победа на пријателските натпревари во текот на подготовките за новата сезона, откако вечерва во Софија го совладаа тимот на Левски со 78-67.

Даниел Џенсен со 20 поени беше најефикасен во составот на „металците“, Ерик Гарсија постигна 14, Јуре Лалиќ 11, а Адем Мекиќ реализира 10 поени. Брет Бејли мечот го заврши со 9 поени, а Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски беа стрелци на по 7 поени.

Утре МЗТ Скопје Аеордром ќе одигра уште еден меч во Софија и тоа против бугарскиот шампион Лукоил Академик (18 часот).

Се вчитува...