МЗТ Скопје останува несовладлив на домашен терен

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја оправдаа фаворитската улога и славеа победа на домашен терен против Сутјеска со 94-73, во мечот од 10.коло во АБА 2 лигата. „Металците“ остануваат несовладливи на домашен терен во АБА 2 лигата, запишувајќи ја седмата победа сезонава во ова натпреварување по која моментно се на втората позиција на табелата.

По изедначената прва четвртина, гостите имаа минимална предност од 20-21. Многу посигурно и поконцентрирано „металци“ одиграа во втората четвртина која ја добија со 26-19 и го презедоа водство. Метфорд и Бојиќ го предводеа нападот на домаќините, а ефикасна партија во првиот дел од натпреварот имаше и Иве Иванов.

Доминацијата на МЗ Т Скопје продолжи и во третата четвртина која домаќините ја добија со 23-19 и се одлепија на сигурна предност за мирна завршница на мечот.

Бојиќ беше најефикасен во составот на МЗТ со 26 поени дополнети со седум скока. Иванов го заврши мечот со 21 поен, четири скока и пет асистенции. Во тимот на Сутјеска најефикасни беа Павличевиќ и Кнежевиќ со по 19 поени.

Се вчитува...