МЗТ Скопје поразен од Бујукчекмече на турнирот во Турција

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го загубија првиот пријателски дуел во текот на летните подготовки, како дел од турнирот во Бујукчекмече. „Металците“ се поразени со 86-75 од турскиот прволигаш Бујукчекмече, во чии редови во новата сезона игра македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски. Тоа воедно беше и прв братски дуел меѓу Војдан и Дамјан Стојановски.

Дамјан Стојановски се враќа по повредата како член на тимот од „Јане Сандански“.

bujukcekmece - mzt 3

Бујукчекмече беше подобар противник на оваа средба и на полувреме имаше водство од 51-33. Во продолжението МЗТ Скопје Аеродром намали дел од негативата, но, сепак домаќинот ќе игра утре во финалето на турнирот, против Истанбул ББ.

Бојан Трајковски беше најефикасен во тимот на МЗТ со 17 постигнати поени.

bujukcekmece - mzt 2

МЗТ Скопје утре ќе ги одмери силите во мечот за третото место (15 часот) против хрватскиот клуб Цибона. Во првиот меч, Истанбул ББ во интересен натпревар ја совлада Цибона со 87-77.

Се вчитува...