Кошаркарите на МЗТ ќе го бранат трофејот во кошаркарската прва лига, откако го совладаа Куманово во третиот меч со 61-88, и со убедливи 0-3 обезбедија пласман во финалниот меч. Во второто полуфинале, ТФТ има 2-0 против Работнчки и утре првата меч топка за пласман во ифналето.
МЗТ Скопје уште по првиот дел го реши прашањето на победникот, откако направи разлика од 15 поени разлика. Тоа придонесе за нервоза меѓу навивачите на Куманово, кои нападнаа кошаркар, па мечот беше одреден момент во прекин.
📹 Тежок инцидент во Куманово: Домашните фанови нападнаа свој кошаркар, прекинат е дуелот против МЗТ
Куманово го доби третиот период, но веќе беше доцна да се направи нешто. МЗТ во четвртиот период мирно го приведоа до крај и убедливо славеа.
Војдан Стојановски со 18 поени беше најефикасен, додекај кај Куманово Петровиќ постигна 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА