МЗТ во филмот „битката против Сутјеска“

Македонскиот кошаркарски вицепрвак МЗТ Скопје Аеродром вечерва (19 часот) во Никшиќ ќе го одигра претпоследниот меч од регуларниот тек на сезоната во АБА 2 лигата. Противник е составот на Сутјеска, а избраниците на Ѓорѓи Кочов мораат да го освојат Никшиќ доколку сакаат да се надеваат на освојување на второто место на табелата, веднаш зад Приморска. Тоа би значело и предност на домашен терен во пресрет на плејофот за пласман во АБА-лигата.

Составот од Аеродром во битката против Сутјеска влегува без повредените Марко Симоновски и Андреј Маслинко.

„Ова е меч од огромно значење и за двете екипи, а можеби и натпревар на сезоната и за нас и за нив со оглед што Сутјеска ќе брка победа за задржување на шансите за четвртото место на табелата во АБА2, а МЗТ Скопје Аеродром за втората позиција која би ни донела предност на домашен терен во полуфиналето од плејофот. Очекувам голема борба на секој дел од теренот. Сутјеска е опасен противник кого добро го познаваме. Со правилен пристап и со добра одбрана верувам дека можеме да стигнеме до победа во Никшиќ“, изјави тренерот Ѓорѓи Кочов.

Сутјеска исто така влегува во големи мотиви во овој дуел, со оглед дека се уште се бори за последното место кое води во доигрувањето, заедно со Динамик и со Борац Чачак.

 

Се вчитува...