Барселона конечно успеа да врзе две евролигашки победи, и тоа веднаш по смената на тренерот Жоан Пењароја под чие водство каталонскиот гигант се мачеше во елитното европско натпреварување. По трилер-триумфот во Минхен над Баерн, кошаркарите на Барса вечерва славеа на домашен терен против Виртус Болоња со резултат 88-81, за приклучок до самиот врв на табелата.
Најзабележителни кај Барселона во овој триумф беа Пантер со 17 и Клајбурн со 13 поени, додека прв стрелец на италијанскиот тим беше Морган со 17 постигнати поени.
Олимпија Милано одигра извонреден меч против Олимпијакос, земајќи го скалпот на грчкиот гигант и без неколку стандардни првотимци. Шилдс, Лидеј и Нибо не беа во тимот, Месина поради болест не седеше на клупата, но италијанскиот првак сепак најде начин да стигне до победата, пред се преку неутрализирањето на Везенков кој беше запрен на 6 поени (1/7 шут од поле).
Питерс имаше 27, Дорси 25 поени, но и тоа не беше доволно да се избегне четвртиот овосезонски пораз. Најефикасни кај Олимпија Милано беа Елис со 16 и Брукс со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

