На Бекер му е дозволено да го прати Вимблдон од затвор

Трикратниот шампион на Вимблдон, Борис Бекер за првпат нема да може да присуствува на својот омилен гранд-слем турнир.

Легендарниот германски тенисер во моментов ја издржува двегодишната казна затвор. Тој минатите години беше коментатор на третиот гранд-слем турнир во сезоната, а годинава сепак ќе може да го прати, но од својата затворска келија.

Медиумите во Британија пренесуваат дека затворските власти му дозволиле на Бекер од својата келија преку ТВ-приемниците да ги прати случувањата на неофицијалното светско првенство во тенис.

Се вчитува...