На Челси му се заканува нова катастрофа: Прими три гола на полувреме од Арсенал (ВИДЕО)

Нова катастрофа му се заканува на тимот на Челси и на Френк Лампард, откако губи 3-0 на полувремето од Арсенал на „Емирати“. Два пати Одегард и еден на Габриел Жезус за голема предност за Арсенал, со која ќе остане во игра за титулата во Премиерлигата.

Челси, пак, и натаму е непрпознатлив и во одбрана, и во напад. Најдобрата шанса ја имаше Чилвел, кој излезе сам пред голот на Арсенал, но Рамсдејл му одбрани.

Арсенал, пак, и дефинитивно можеше да води и со поголема разлика, со оглед дека имаше пет удари кон голот на Кепа, но „само“ три завршија во неговата мрежа.

Се вчитува...