На Интер не му требаат „ѕвезди“: По Баерн, среден и Челси

Интер е неочекувано тивок на фудбалскиот пазар, целосно паѓајќи во сенка на градскиот ривал Милан, но тимот на Лучијано Спалети затоа бележи одлични игри во подготвителниот период.

По победата од 1-0 над Лион следеше одличен настап и триумф над Баерн Минхен од 2-0, за успешната серија на „нероаѕурите“ да продолжи и попладнево, со победата од 2-1 над англискиот првак Челси.

Интер одигра одлично и поведе со 2-0 со головите на Јоветиќ и на Перишиќ, а во ситуација кога италијанскиот тим целосно доминираше ситуацијата непотребно си ја искомпликува со смешниот автогол на Кондогбија. Челси доби сила по овој погодок и тргна во тотална офанзива, но тимот на Конте немаше и среќа откако судијата му поништи регуларен гол на Батшуаи во 86. минута.

Chelsea vs Inter 1-2 – All Goals & Highlights… by sofiene-l

Се вчитува...