На Јунајтед му се брза, потпис со Санчо пред ЕВРО 2020

Манчестер Јунајтед влегува во последна офанзива по потписот на Џејдон Санчо, фудбалер за кого е заинтересиран уште од минатото лето. „Црвените ѓаволи“ сакаат да го договорат одличниот англиски репрезентативец пред почетокот на Европското првенство.

Тимот од „Олд Трафорд“ ќе испрати понуда до Борусија Дортмунд од 90 милиони евра, сума која што сметаат дека е доволна за неговите услуги. Џејдон Санчо во Борусија Дортмунд е од 2017 година. За „милионерите“ досега запиша 102 настапи на кои постигна 38 гола.

Своето деби за репрезентацијата на Англија го имаше во 2018 година, а досега на 18 натпревари постигна три гола за „гордиот албион“.

Се вчитува...