Караницата меѓу Јирген Клоп и Мохамед Салах на сред натпревар во Премиерлигата, и натаму е тема број еден во Англија. Ливерпул не успеа да победи на гостувањето против Вест Хем, што очигледно донесе бројни тензии.
Египќанецот очигледно беше лут што не го стартуваше натпреварот, но никој не очекуваше тој и Клоп да се впуштат во жестока кавга покрај теренот и пред камерите.
Напаѓаот на Вест Хем, Мајкл Антонио откри што всушност се случувало… Според него, Клоп воопшто немал намера за такви сцени, но Салах едноставно бил тој кој со својот однос се испровоцирал.
„Ова не е некоја инсајдерска информација, но сите на нашата клупа може да ги слушнат што зборуваат. Вообичаено кога играчите на Ливерпул влегуваат во игра Клоп ги прегрнува и им посакува среќа, но Салах тогаш веднаш тргна по свое. Мо не сакаше да му пријде на Клоп затоа што беше очигледно лут затоа што така касно влегува во игра кога требаше да се спасува Ливерпул и да му донесе победа. Клоп му пријде и му пружи рака, но Салах прво го игнорираше а потоа само онака од што мора му ја удри раката, како да му префрла, што го налути Клоп кој му дофрли: ‘Сакаш да се вратиш на клупа, ако не ти се игра’. На тоа Салах возврати дека ќе влезе во игра и ќе направи црвен, јасно покажувајќи колку е лут“ – раскажува Антонио, кој вели дека никој не очекувал таква караница.
„Јасно е дека се фрустрирани по последните лоши резултати, но сигурно никој не очекуваше такво нешто така јавно“.
This lovely exchange between Salah and Klopp caps off a beautiful end to their season pic.twitter.com/PXRffLPgax
— Fat Will (@UTDFat) April 30, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА