На крајот само резултатот се памети, Македонија и натаму го живее мундијалскиот сон (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Осум бодови од четири меча, или на средина на квалификациите. Македонија со две победи и две нерешени средби е на средината на квалификацискиот циклус. Но, рано е за математики, има уште четири меча од кои посакуваме на храјот „хепи-енд“. Ех, колку ќе беа значајни оние три бода против Велс, односно оние два кои ни беа одземени во последните секунди.

Реми со Велс, победа над Лихтенштајн, па одлично реми и против Белгија, и денеска триумф во Астана. Македонија покажа дека и кога не игра, знае да одигра на резултат. А, тој е најважен во овој циклус. Да се освојуваат бодови, да се дојде до историја, а другото брзо ќе се заборави.

Брзо ќе се заборави дека Казахстан имаше две стативи, една пречка. Македонија го имаше индивидуалниот квалитет. Алекс Трајковски го постигна голот вреден победа, после оној гол во Палермо, можеби втор по значење во овој циклус. Едно е јасно. Македонија и натаму го живее мундијалскиот сон.

ФОТО: Facebook/Фудбалска репрезентација на Македонија

Се вчитува...