Вилјареал ја оправда фаворитската улога со со триумфот од 5-1 против Еспанјос во 26. коло од Ла Лига стигна до единаесеттата победа во првенството. Домаќините победата ја осигураа уште во првото полувреме во кое постигнаа три гола, а ја потврдија во вторите 45. минута со уште два.
Голеадата ја започна Пино во 14. минута, а продолжи понатаму во ист стил. Во 20. минута донесе 2-0 за својот тим, а веќе во 46. минута од првото полувреме го постигна својот хет-трик. Во 53. минута го постигна и својот четвртти гол, а по него Баре во 65. минута успеа да ја затресе мрежата за гостите. Диа во 86. минута го постави конечниот резултат.
Со оваа победа Вилјареал се искачи на 5. место на табелата пред Барселона, но каталонците имаат два натпревара помалку. За разлика од нив Еспанјол го забележа 11. пораз во сезоната, но и покрај тоа останува на 14. место во Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА