На Лука Јовиќ му се заканува тригодишна казна затвор?

Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Јовиќ е на сослушување во државното обвинителство во Србија поради тоа што заедно со поранешниот фудбалер на Партизан Никола Нинковиќ е поднесена пријава поради тоа што по доаѓањето во Србија од Шпанија не ја почитуваа мерката на самоизолација.

Пред сослушувањето обвинителството од министерството за правда на Србија побара информација околу тоа дали Јовиќ и Нинковиќ по влезот во Србија биле известени дека мора да одат во задолжителна самоизолација. Јовиќ доби пријава бидејќи излезе од станот во кој беше сместен, додека Нинковиќ поради тоа што во хотелската соба во која беше изолиран ја донел девојката.

Поради непочитување на самоизолацијата можна е казна и до три години затвор.

Се вчитува...