На Мбапе не му се допаѓал Анчелоти и барал да биде заменет за да дојде во Реал!?

Килијан Мбапе речиси сигурно ќе го напушти ПСЖ идното лето и негова следна дестинација ќе биде Реал Мадрид. Французинот има договор до 2022 година, и веќе неколку пати ја одбил можноста да го продолжи договорот.

Оваа година наводно Реал Мадрид понудил 180 милиони евра, но ПСЖ ги одбил. ПСЖ ризикува да го даде Мбапе на крајот без пари, а сега порачаа дека најважно да остане во тимот и се надеваат дека клубот може да ја освои Лигата на шампионите.

Француските медиуми пишуваат дека Мбапе наводно не бил импресиониран со тоа што ќе соработува со Карло Анчелоти на клупата, па дури имал барање до Перез да го смени тренерот за да биде дел од „кралевите“.

На Мбапе му се допаѓа Јирген Клоп, и наводно барал од Перез да се обиде да го донесе Германецот на клупата на „кралевите“

Се вчитува...