Екипата на Ливерпул изминатиот викенд славеше со 1:0 на гостувањето кај Борнмут со голот на Александер Исак, но менаџерот на „црвените“ смета дека напаѓачот мора да го подигне нивото на игра.
Единствениот гол на дуелот со Борнмут, Исак го постигна во 57-та минута, и тоа беше негов четврти гол во петте кола во Премиер лигата. Интересно е што Швеѓанецот за само пет кола даде повеќе голови отколку минатата сезона, кога имаше големи проблеми со повредите и само три пати ги тресеше противничките мрежи.
Но, менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, не е целосно задоволен од прикажаната игра на Исак.
„Ја искористи шансата, а така изгледа работата на еден напаѓач. Имаше неколку ситуации, центаршут по кој не ја зафати добро топката, во друга ситуација контролата врз топката не беше добра, а потоа даде гол. Но, мора да ни помогне да бидеме поблиску до казнениот простор, да играме на противничката половина и да имаме посед на топката. Ако екипата игра на противничката половина, тој ќе биде награден со голови“, изјави Ираола.
За разлика од Ираола, легендата на Ливерпул, Реј Хаутон, тврди дека Исак ќе постигне повеќе од 20 голови сезонава.
„Исак сигурно ќе даде повеќе од 20 голови сезонава. Изгледа одлично физички подготвен сезонава, одлично се снаоѓа во противничкиот шеснаесетник ,вели Хаутон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
